Во Индонезија започна состанокот на Г20 за животната средина и климата

Членките на Г-20 сочинуваат околу 80 проценти од светското економско производство, две третини од светското население и емитуваат околу 80 насто од глобалните емисии на стакленички гасови.

Официјални претставници за животна средина од некои од најголемите светски земји кои емитуваат CO2 се состанаа денеска на Бали во Индонезија на разговори за поттикнување на глобалната климатска акција и други проблеми што се влошија поради војната во Украина. Министерот за животна средина на Индонезија, Сити Нурбаја изрази очекување дека состанокот ќе донесе заеднички договор за три приоритетни прашања - одржливо закрепнување, климатски активности и мобилизација на ресурси – што се дел од Парискиот договор, првиот универзален и правно обврзувачки документ за спречување на климатските промени.

Како климатските промени предизвикуваат топлотни бранови во Европа

Нурбаја го отвори состанокот повикувајќи ги колегите министри за животна средина да го заштитат еколошкиот мултилатераленизам, бидејќи тоа е единствениот начин за ефективно координирање на напорите за справување со глобалните предизвици. Претставникот на Италија за климата, Алесандро Модијано, во својот говор рече дека војната во Украина има сериозни последици врз животната средина, врз безбедноста на храната и енергијата, врз напорите за обновување на пандемијата, како и врз остварувањето на целите за одржлив развој.

Планетата Земја од денеска живее на кредит

Членките на Г-20 сочинуваат околу 80 проценти од светското економско производство, две третини од светското население и емитуваат околу 80 насто од глобалните емисии на стакленички гасови.