Белата куќа ќе биде домаќин на самит во обид да се стави крај на гладот во САД

портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер

Белата куќа соопшти дека на 28 септември во Вашингтон ќе одржи самит со цел да се решат прашањата околу гладот, исхраната и здравјето во САД. Американскиот претседател Џо Бајден рече дека настанот ќе помогне да се реализира целта на неговата администрација да се стави крај на гладот во САД и да се намалат болестите поврзани со исхраната кај мнозинството Американци до 2030 година. Претходниот американски настан од ваков вид се одржа во 1969 година, соопшти Белата куќа.

Од недостиг на храна до геополитички промени - глобалните ефекти на војната во Украина

„Недостатокот на пристап до здрава и прифатлива храна е еден од многуте фактори кои влијаат на гладот и болестите поврзани со исхраната. Пандемијата на ковид-19 дополнително ги влоши овие предизвици“, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер. Белата куќа додаде дека самитот ќе има за цел да ги разгледа начините на кои Соединетите држави можат да ги намалат разликите меѓу заедниците кои се најмногу погодени од овие прашања.