Борбите во Украина продолжуваат, конфликтот влезе во седмиот месец

Русија извршила ракетен напад врз железничката станица во Украина

Борбите продолжија со несмалено темпо во Украина на 25 август, додека руската неиспровоцирана инвазија влезе во седмиот месец, при што московските сили наводно пукале со касетна муниција во централниот град еден ден откако најмалку 22 лица загинаа во руски ракетен напад врз украинска железничка станица. Додека Украинците прославуваа 31 година од независноста од Советскиот Сојуз на 24 август, претседателот Володимир Зеленски ја обвини Русија дека извршила ракетен врз железничката станица Чаплине во јужниот регион Дњепропетровск, при што загинаа најмалку 22 лица, а беа повредени повеќе од 50. „Чаплине е нашата болка денес. До овој момент има 22 мртви, од кои пет изгореа во вагон“, рече тој во своето редовно видео обраќање.

Војна за независност: Шест месеци од руската инвазија врз Украина

Рано изутрината руските сили го бомбардираа централниот град Кривји Рих со касетна муниција, изјави на Телеграм началникот на воената управа на Кривји Рих Олександр Вилкул, додавајќи дека засега нема извештаи за жртви или материјална штета. Касетната муниција е забранета од повеќето нации поради нивното разорно и недискриминирачко влијание врз воениот персонал и цивилите.

Во говорот за Денот на независноста Зеленски вети дека Украина „до крај“ ќе се бори против Русија

Претходно, признавајќи го големиот биланс од инвазијата на 24 февруари, Зеленски вети дека неговата „преродена“ земја ќе се бори против руските трупи „до крај“.