Достапни линкови

Војна за независност: Шест месеци од руската инвазија врз Украина

Момче вее украинско знаме на изложбата на уништени руски воени возила во центарот на Киев, посветена на Денот на независноста на Украина
Момче вее украинско знаме на изложбата на уништени руски воени возила во центарот на Киев, посветена на Денот на независноста на Украина

За Денот на независноста на Украина и шест месеци од руската инвазија РСЕ разговараше со Јарослав Хрицак, истакнат украински историчар и интелектуалец. „На коцка во војната е самото постоење на Украинците како нација“, вели тој. Александар Паликот

На 24 август, Украинците го слават Денот на независноста, голем национален празник со кој се одбележува прогласувањето независност од Советскиот Сојуз во 1991 година.

Викендот пред државниот празник, оштетените руски воени возила беа изложени на главната улица во Киев, Хрешчатик - трофеи во војната која се чини дека е далеку од крајот. Во исто време, украинските власти воведоа построги безбедносни мерки и предупредија на зголемената можност за воздушни напади врз главниот град.

Во интервју за РСЕ Јарослав Хрицак, истакнат историчар и професор на Украинскиот католички универзитет во Лвив, говори за значењето на Денот на независноста, за тоа каква цел има војната на Русија против Украина и што може да се очекува.

РСЕ: Во почетокот на март напишавте дека Украинците минуваат низ нивната голема национална војна против Русија. Што мислевте?

Јарослав Хрицак: Две недели по почетокот на инвазијата на 24 февруари, веќе беше јасно дека тоа ќе биде долга војна и дека вистинскиот влог е самото постоење на Украинците како нација. Путин сака да ни го одземе правото да имаме независна национална држава и сопствена национална култура. Тоа е национална војна, исто така, затоа што никој не може да избега од неа: На еден или на друг начин сите ние ќе бидеме погодени од неа и сите ја споделуваме одговорноста да им се спротивставиме на напаѓачите.

РСЕ: Пошироката западната јавност уште еднаш ја „откри“ Украина овој февруари, иако борбата на Украина за независност има многу подолга историја. Зошто на Западот му е толку тешко да ги разбере Украинците, нација од 40 милиони луѓе кои живеат во територијално најголемата земја во Европа?

Хрицак:
Првата причина е стариот класичен ориентализам. За многумина на Запад, Источна Европа е диво, егзотично место и таму конфликтот е нешто нормално. Втората причина е што голем дел од западните елити ја гледаат Украина низ призмата на руската империјална историја. Главниот западен историски наратив кој ја опишува Источна Европа во голема мера бил формулиран од руските емигранти од 1920 година.

Како што убаво кажал британскиот историчар Норман Дејвис, Украинците биле прикажани како Руси кога правеле нешто добро и како Украинци или националисти кога правеле нешто лошо. Во поново време, одвојувањето на украинската историја од руската започна дури со враќањето на Владимир Путин како претседател во 2012 година, кога надежите за либерализација под Дмитриј Медведев се покажаа залудни. Неуспехот на руската модернизација ги охрабри западните лидери да ја гледаат Украина како демократска алтернатива на Русија.

РСЕ: Што е суштината на разликата меѓу Украина и Русија што доведе до оваа војна?

Хрицак:
Трите децении по падот на Советскиот Сојуз покажаа дека Украина и Русија се различни не поради јазикот, па дури ни поради културата, туку поради политичките традиции – односно перцепцијата за односот меѓу државата и општеството. Тешко дека можете да замислите победа на лидер како Путин во Украина и победа на револуција како што е Портокаловата [2004-05] или Еуромајдан [2013-14] во Русија.

Студенти против режимот на украинскиот претседател Виктор Јанукович во Ивано-Франковск околу почетокот на Еуромајдан во декември 2013 година.
Студенти против режимот на украинскиот претседател Виктор Јанукович во Ивано-Франковск околу почетокот на Еуромајдан во декември 2013 година.


Многу луѓе не го разбираат опсегот на промените што ги донесоа двете последователни револуции во Украина. Без победата на граѓанското општество на улиците на Киев во 2004 и 2014 година, би можеле да бидеме на слично место како Русија и Белорусија. Протестите на плоштадот Болотнаја во Москва во 2012 година и во Минск во 2020 година, соодветно, не донесоа политички промени.

РСЕ: Во минатото, многу аналитичари и коментатори зборуваа за „две Украини“ - проевропскиот Запад и прорускиот Исток. Вие бевте критички настроени кон овој поим.

Хрицак:
Тоа е крајно поедноставена и стереотипна поделба. Всушност, Украина е длабоко поделена историски, но овие поделби се посложени, а јазикот не е клучен фактор. Без да навлегуваме во историјата на 19-тиот и почетокот на 20-от век, доволно е да се каже дека кога беше воспоставена независна Украина во 1991 година, немаше голема солидарност меѓу различните региони.

РСЕ: Можете ли да го образложите ова?

Хрицак:
Украинската независност дојде како резултат на компромис на тројца актери, многу малку веројатни сојузници: национал-комунистите во Киев кои ја претставуваат традицијата на советска Украина, националистички западно наклонети украински елити и - честопати заборавеното - штрајкувачко движење на рударите во Донбас, кое беше едно од најсилните општествени движења во доцниот Советски Сојуз.

Првиот актер сакаше да остане на власт, вториот сакаше национална држава како Полска или Чешка, а третиот сакаше да им се задоволат економските барања. Рударите од Донбас прво се свртеа кон Русија, но откако сфатија дека се игнорирани од Кремљ, се обложија на Киев. Веднаш по прогласувањето на украинската независност, овој неверојатен сојуз се распадна и овие актери станаа конкуренти. Така, во тој момент беше тешко да се зборува за обединета Украина.

Секојдневниот живот во Украина под руската офанзива

Роднините и поддржувачите на 53 украински воени заробеници кои загинаа во затворскиот логор Оленивка, под контрола на Русија, се собраа на 4 август во Киев, барајќи Русија да биде назначена како државен спонзор на тероризмот. Додека Москва се обидува да ги обвини украинските сили за смртните случаи, американските разузнавачки извештаи велат дека Русија планира да лажира докази за напад однадвор и дека уништувањето во затворот се чини дека било предизвикано од запаливо оружје „однатре“.
1/14 Роднините и поддржувачите на 53 украински воени заробеници кои загинаа во затворскиот логор Оленивка, под контрола на Русија, се собраа на 4 август во Киев, барајќи Русија да биде назначена како државен спонзор на тероризмот. Додека Москва се обидува да ги обвини украинските сили за смртните случаи, американските разузнавачки извештаи велат дека Русија планира да лажира докази за напад однадвор и дека уништувањето во затворот се чини дека било предизвикано од запаливо оружје „однатре“.
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Жени во воена обука во регионот Лвив на 3 август.
2/14 Жени во воена обука во регионот Лвив на 3 август.
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Брачен пар на местото на експлозијата што го потресе градот Миколајев во раните утрински часови на 3 август, предизвикувајќи пожар и уништувајќи супермаркет.
3/14 Брачен пар на местото на експлозијата што го потресе градот Миколајев во раните утрински часови на 3 август, предизвикувајќи пожар и уништувајќи супермаркет.
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Во затворениот забавен парк во Краматорск на 3 август.
4/14 Во затворениот забавен парк во Краматорск на 3 август.
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Семејство турка количка за бебиња покрај кратер по ракетниот напад врз градот Харкив на 3 август. Руската артилерија продолжува да го напаѓа разурнатиот град, додавајќи му повеќе мизерија на неговите жители, од кои многумина се принудени да живеат со месеци под земја.<br />
<br />
&nbsp;
5/14 Семејство турка количка за бебиња покрај кратер по ракетниот напад врз градот Харкив на 3 август. Руската артилерија продолжува да го напаѓа разурнатиот град, додавајќи му повеќе мизерија на неговите жители, од кои многумина се принудени да живеат со месеци под земја.

 
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Жителите чекаат да земат торби со храна во малото село Малаја Рохан на 4 август. Селото, кое се наоѓа источно од Харкив, беше тешко оштетено откако претрпе неколку недели руско гранатирање и окупација.<br />
&nbsp;
6/14 Жителите чекаат да земат торби со храна во малото село Малаја Рохан на 4 август. Селото, кое се наоѓа источно од Харкив, беше тешко оштетено откако претрпе неколку недели руско гранатирање и окупација.
 
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Брачен пар носи шишиња со вода откако ги наполни во продавница во Покровск на 4 август. Многу делови од регионот Доњецк се без редовно снабдување со вода.
7/14 Брачен пар носи шишиња со вода откако ги наполни во продавница во Покровск на 4 август. Многу делови од регионот Доњецк се без редовно снабдување со вода.
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Девојче држи кукла додека луѓето чекаат да се качат во возот за евакуација за Днипро од Покровск на 4 август. Наредбата за евакуација е особено потресна бидејќи семејствата се принудени да се разделат.
8/14 Девојче држи кукла додека луѓето чекаат да се качат во возот за евакуација за Днипро од Покровск на 4 август. Наредбата за евакуација е особено потресна бидејќи семејствата се принудени да се разделат.
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Една жена поминува преку мост делумно обновен од украинската војска во близина на селото Малаја Рохан, во близина на Харков на 4 август. Керсон.
9/14 Една жена поминува преку мост делумно обновен од украинската војска во близина на селото Малаја Рохан, во близина на Харков на 4 август. Керсон.
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Тела на луѓе убиени од руски воен напад се видени во близина на станицата за јавен превоз во градот Торецк на 4 август.
10/14 Тела на луѓе убиени од руски воен напад се видени во близина на станицата за јавен превоз во градот Торецк на 4 август.
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Припадник на украинската национална гарда јаде јаболка за време на затишје во борбите на позиција во близина на линијата на фронтот во регионот Харков на 3 август.
11/14 Припадник на украинската национална гарда јаде јаболка за време на затишје во борбите на позиција во близина на линијата на фронтот во регионот Харков на 3 август.
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Луѓе гледаат како &bdquo;Разони&ldquo;, првиот брод натоварен со украинско жито што тргна од украинско пристаниште од почетокот на руската инвазија, заминува од Одеса на 1 август.&nbsp;
12/14 Луѓе гледаат како „Разони“, првиот брод натоварен со украинско жито што тргна од украинско пристаниште од почетокот на руската инвазија, заминува од Одеса на 1 август. 
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Украински војници истрелаа ракетен систем со повеќекратно лансирање БМ27 Ураган врз руските позиции во регионот Харкив на 4 август.
13/14 Украински војници истрелаа ракетен систем со повеќекратно лансирање БМ27 Ураган врз руските позиции во регионот Харкив на 4 август.
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Украинската армија на 2 август ја прикажа својата &bdquo;Армија на беспилотни летала&ldquo;, која ја набави благодарение на странски донации од 20 милиони долари. Авионите на далечински управувач ќе се користат и за надзор и за воздушни напади. Тие летаат зад руските линии, пренесувајќи ги целните координати за артилериски напади и фрлајќи гранати врз непријателските сили.
14/14 Украинската армија на 2 август ја прикажа својата „Армија на беспилотни летала“, која ја набави благодарение на странски донации од 20 милиони долари. Авионите на далечински управувач ќе се користат и за надзор и за воздушни напади. Тие летаат зад руските линии, пренесувајќи ги целните координати за артилериски напади и фрлајќи гранати врз непријателските сили.
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Previous slide
Next slide

Сè уште се сеќавам дека во мојата младост во Лвив го мислевме Киев речиси како странски град. Промената дојде со првиот и вториот Мајдан [Портокаловата револуција и протестите на Евромајдан], кои го променија Киев во вистинска украинска престолнина. Друг помалку очигледен чекор беше појавата на Днепро, порано Днепропетровск, како трет центар на моќ. Тоа беше најголемиот индустриски град во Украина кој речиси владееше со Советскиот Сојуз во одреден момент, бидејќи голем дел од советската елита беше од таму, вклучувајќи го Леонид Брежњев и неговото семејство.

Некои клучни политички фигури на независна Украина, како што се [поранешниот претседател] Леонид Кучма и [поранешната премиерка] Јулија Тимошенко, беа поврзани со него. Клучно, елитите на Днепро се натпреваруваа со елитата од Доњецк, која ја сметаа за обична мафија. Како што велеа, „Днепро никогаш не гласа за [Виктор] Јанукович“, [поранешен претседател од регионот Доњецк]. Така, во 2014 година, во времето на Евромајдан, анексијата на Крим и почетокот на војната во Донбас, оската Лвив -- Киев -- Днепро беше столбот на украинската државност.

РСЕ: Како целосната инвазија во февруари го промени овој баланс?

Хрицак:
Пред оваа војна, Одеса и Харкив се сметаа за недоверливи, па дури и на работ на проруските позиции. Актуелната војна ги претвори решително проукраински, при што нивните градоначалници заземаа крајно антируски позиции, па дури и делумно се префрлија на украинскиот јазик во нивните јавни настапи.

Украинскиот историчар Јарослав Хрицак
Украинскиот историчар Јарослав Хрицак

Во исто време, ширум земјата, не гледам револуционерна промена на ниво на јавното мислење, дури и ако се согласувам дека Украинците се пообединети од кога било досега. Сите работи што ги гледаме сега беа на своето место порано; она што се промени е интензитетот. За разлика од она што Путин го најави во пресрет на неговата инвазија, украинската нација навистина постои и таа е политички стабилна.

Во последните 30 години, мнозинството Украинци ја поддржуваат независноста од Русија, и секаде каде што се соочуваат со закана од Москва, реална или измислена, оваа тенденција само се зголемува.

РСЕ: Каква Украина ќе произлезе од овој конфликт?

Хрицак:
Не знам како ќе изгледа иднината на Украина, но гледам две меѓусебно исклучувачки тенденции. Првата е етнизација на Украина, многу како во случајот со Израел по војната во Јом Кипур во 1973 година - односно појавата на многу силен национален идентитет изграден врз етнички, религиозни, а можеби дури и јазични линии.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски за време на прославите по повод Денот на националното знаме на Украина. Киев, 23 август 2022 година
Претседателот на Украина Володимир Зеленски за време на прославите по повод Денот на националното знаме на Украина. Киев, 23 август 2022 година

Ова ќе дојде со нова форма на благ авторитаризам - „авторитаризам со човечки лик“. Зеленски и неговиот тим веќе ја консолидираат својата моќ. Војната речиси секогаш ја создава оваа можност.

Втората тенденција е Украина да влезе на патот кон пристапување во ЕУ и да добие економска поддршка за да се опорави од уништувањето предизвикано од војната, тоа е долго дискутираниот нов „Маршалов план“. Ако се исполни Украина дури може да се претвори во некој вид источноевропски тигар.

Русин испишува имиња на бомбардирани украински градови на неговата продавница
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:05 0:00

Клучниот фактор е колку долго ќе трае војната. Колку подолго трае, толку е поверојатно првото сценарио. Не знаеме што ќе се случи ако трае, на пример, уште пет години. И должината на војната многу зависи од поддршката на Западот.

РСЕ: Пред војната, вие објави книга во која се дискутира за историското и актуелното место на Украина во глобалниот свет. Каква улога игра оваа војна за Западот?

Хрицак:
Самиот Путин рече дека не води војна против Украина, туку војна против Западот на територијата на Украина. Сега тој се обидува да се позиционира како лидер на бившиот втор и поранешен трет свет во новото глобално натпреварување. Затоа, Украина е полигон за тестирање за стабилноста на двата конкурентни политички модели на нашата ера: либералната демократија и авторитаризмот.

Рускиот претседател Владимир Путин присуствува на парадата по повод Денот на морнарицата во Санкт Петербург, 31 јули 2022 година
Рускиот претседател Владимир Путин присуствува на парадата по повод Денот на морнарицата во Санкт Петербург, 31 јули 2022 година

На некој начин се сведува на избор помеѓу таканаречениот крај на историјата и враќањето на историјата. Путин ја инструментализираше историјата како случај и - многу слично како [поранешниот претседател] Доналд Трамп во Соединетите држави - ветува „да ја направи Русија повторно голема“. Украинците, пак, не сакаат да се повторува историјата, бидејќи за нив таму има премногу неправда и страдање.

РСЕ: Не е првпат во историјата Украина да се бори за независност и да преговара за своите граници. Како и кога може да заврши оваа војна?

Хрицак:
Претежно доминантната позиција на украинското општество е дека нема да прифати никакви територијални отстапки и сака да се врати на границите од 1991 година. Зеленски разбира дека ако направи отстапки, може да ја загуби власта, па затоа го искажува истиот став.

Сепак, не мислам дека ова најдобро сценарио е можно на краток рок. Мислам дека враќањето на контролата врз териториите во Донбас контролирани од Русија и Крим ќе биде можно само по падот на режимот на Путин. Порано или подоцна ќе дојде, но во меѓувреме треба некако да ја запреме војната. Засега, она што го гледам како позитивно, но сепак реално сценарио е еден вид „финска опција.“

Со ова не мислам на прогласување неутралност, туку на привремено губење на некои територии и истовремено претворање на Украина во силна држава со одлучувачка реформска агенда. Резултатот многу зависи од отпорот на украинското општество. Досега изгледите се стабилни и позитивни. Како и повеќето Украинци, верувам во победа.

РСЕ: Каков е за вас Денот на независноста на Украина оваа година?

Хрицак:
Тоа ќе биде ден на солидарност и издржливост. Нема длабоко чувство на триумфализам меѓу Украинците. Сè повеќе луѓе што ги знам се мртви поради војната. Ова е трагично време за Украина, но во исто време, ние доживуваме ново ниво на емпатија и подобро сфаќаме колку е убава нашата земја.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG