Со полициски хеликоптер се гасне пожарот во Беровско

илустрација

Еден полициски хеликоптер од изутрината интензивно го гасне пожарот во беровскиот регион, изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, наведувајќи дека хеликоптерот од воздух почнал да дејствува од 5 часот. „Во моментов на терен се и десет пожарникари на ТППЕ Берово и 30 припадници на Национални шуми од подружницата на Берово, изјави Ангелов кој посочи дека пристигнуваат и пожарникарски екипи од Виница, Радовиш, Кочани, Струмица, Тетово.

Армиски хеликоптер се упати кон Берово, повик до месното население да помогне во гаснење на пожарот

Претходно, командирот на ТППЕ-Берово, Сашко Руменковски за МИА информираше дека со помош на хеликоптерот било спречено ширење на огнот кон боровата шума и бил направен обрач околу огнот. Првично беа зафатени околу 50 хектари високостеблеста шума, во непристапен планински предел.