Пожари беснеат низ Медитеранот, илјадници луѓе се евакуирани

шумски пожар во Франција, 13 јули

Низ Медитеранот, од Мароко на запад до Крит на исток, пожарите беснеат по топлотниот бран од минатиот вторник, влошен од силните ветрови и сушата. Во Франција, поради шумите пожари на југозападот на земјата досега се евакуирани повеќе од 16.000 луѓе, а пожарот се шири во Шпанија, Хрватска и Грција, пишува Би-Би-Си. Кон крајот на минатата сабота, Франција прогласи портокалова тревога во 22 департмани, главно долж брегот на Атлантикот. На југот на Шпанија, повеќе од 3.200 луѓе избегаа од пожарот во ридовите недалеку од Малага, а шумски пожари избувнаа во провинциите Кастиља и Леон, Галиција и Екстремадура. Во моментов пожарите во Португалија се под контрола.

Бавно враќање на природата на грчкиот остров Евија опустошен од пожари

Во Мароко властите наредија евакуација на повеќе од 1.300 луѓе поради шумските пожари на северот на земјата. На Крит, грчките пожарникари се борат со голем пожар во ридовите на северниот брег. Минатата сабота беше пријавено дека пожарот е делумно локализиран. Пожари беснеат и во шумите на југозападна Турција и на хрватското крајбрежје. Во близина на Задар и Шибеник избувнаа неколку пожари, но немаше поголема евакуација на населението.