Премиерката на Финска Сана Марин во посета на С. Македонија

Финската премиерка Сана Марин

Финската премиерка Сана Марин денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Северна Македонија. Таа ќе има средби со премиерот Димитар Ковачевски и со претседателот на Собранието Талат Џафери. Финска и Шведска дадоа барање за прием во НАТО, откако Русија изврши инвазија врз Украина, страхувајќи за нивната безбедност.

Турција бара Шведска и Финска да преземат „конкретни чекори“за влез во НАТО

Турција се противи на нивниот прием и се заканува со вето, главно поради прашањето на курдската организација која ја има поддршка од овие земји, а која Турција ја смета за терористичка организација. Претставници на Шведска и Финска деновиве престојуваат во земјите членки на НАТО за да лобираат за нивниот прием на наредниот самиот на Алијансата во Шпанија.