Косовската полиција заплени дрога вредна 6 милиони евра

Престрелка при акција за заплена на дрога вредна над 6 милиони евра настанала вчера во косовската област Избор во близина на границата со Србија, соопшти косовската полиција. Во нивното соопштение е наведено дека косовската полиција, во акција за сузбивање на трговијата со наркотици, открила лабораторија за одгледување и обработка на дрога и над 10.000 садници марихуана.

Во објавата е навадено дека при акцијата бил отврен огран врз полицајците, но засега нема евидентирано повредени. Вредноста на запленетата дрога изнесува околу шест милиони евра, а запленети се и постројки за производство на дрогата во вредност од 1,5 милиони евра, соопшти првиот човек на косовската полиција.

Американско - македонска фирма за канабис двапати мета на грабеж

Оваа акција на косовската полиција во област населена со мнозинско етничко српско население беше поздравена и од најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, јавува новинската агенција МИА.