Украина ја одбележа годишнината од депортирањето на кримските Татари

Оддавање чест на кримиските Татари во Киев 2020 година.

Украина ја одбележа 78-годишнината од депортирањето на Кримските Татари од Крим од времето на лидерот на Советскиот сојуз, Јозеф Сталин. 18 мај е датумот што Украина официјално го одбележува како Ден на комеморација на жртвите од геноцидот на Кримските Татари.

Поради тековната руска инвазија врз Украина, настаните посветени на годишнината не беа одржани толку широко како што обично се случува, меѓутоа, низ целата земја се одржаа помали собири за да им се оддаде почит на жртвите на депортациите во 1944 година.

Стотици луѓе учествуваа во чествувањето на жртвите во градот Керч на Крим, носејќи цвеќе на споменикот посветен на нив и учествуваа во молитвите.

На нелегалната анексија на Крим од страна на Москва во 2014 година гласно се спротивставија многу кримски Татари, кои се значително малцинство во регионот.