Достапни линкови

Руските власти приведоа седум кримски Татари


Украина - Кримски Татари уапсени од страна на руските безбедносни сили. 07.07.2020

Руските власти приведоа седум активисти - кримски Татари, откако ги пребара нивните домови во различни делови на украинскиот регион кој е под контрола на Москва.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во соопштение наведе дека на 7 јули привела “тројца лидери и четири членови на забранетата исламистичка група Хизб ут-Тахрир“ во Крим.

Откако Русија нелегално го анектираше Крим во март 2014 година, руските власти гонеа десетици кримски Татари за наводна припадност во исламистичката група Хизб ут-Тахрир која е забранета во Русија, но не во Украина.

Протераните претставници на регионалната власт во Крим ги осудија приведувањата и започнаа истрага за нив.

Американската амбасада во Украина исто така изрази загриженост во врска во приведувањата.

XS
SM
MD
LG