Свештеници од МПЦ и СПЦ на заедничка литургија за „помирување“ во Белград

Соборот на Српската православна црква денеска соопшти дека на 19 мај во четврток, во Белград ќе се случи првата литургија на сослужување со МПЦ. Ќе учествуват сите владици на МПЦ-ОА и Археископот Стефан, со сите владици на СПЦ, со Патријархот Порфириј. Во соопштението објавено на веб страната на СПЦ оваа литургија е наречена „помирување“.

Претходно Светиот архиерејски Синод на Српската православна црква (СПЦ) вчера соопшти дека го поздравува прифаќањето на статусот на целосна внатрешна самостојност на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

Канонското единство со СПЦ чекор напред или назад кон автокефалност на МПЦ?

Според соопштението на СПЦ, со ова се воспоставува заеднички литургиски и канонски дијалог, бидејќи се отстранети причините за нивното прекинување предизвикани од едностраното прогласување на автокефалност во 1967 година.

„Со воспоставување на единство на канонски основи и под услови на важење на канонскиот поредок на целиот простор на СПЦ, дијалогот за идниот и евентуалниот конечен статус на епархиите во Северна Македонија, не само што е можен, туку е и наменски, легитимен и реален“, се вели во соопштението на СПЦ.

Синодот на СПЦ одобри канонско единство со МПЦ-ОА

Ова е првото соопштение на Српската православна црква, откако на 9 мај Вселенската патријаршија објави дека МПЦ ја признава за канонската црква под името Охридска архиепископија, имајќи ја предвид областа на нејзината јурисдикција во границите на државата Северна Македонија. Одлуката на Вселенската патријаршија не значи дека МПЦ-ОА доби автокефалност.