Општините издале за 10 проценти повеќе одобренија за градби од лани

Во март годинава се издадени 373 одобренија за градење, што е за 10,4 проценти повеќе во однос на март лани, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Најмногу одобренија за градби потпишале градоначалниците од Скопскиот регион, издадени се 93 одобрениеја за градење, додека во Пелагонискиот регион се изаддени 65 одбренија, и по 51 во Источниот и во Југозападниот регион, по 40 во Југоисточниот и во Пелагонискиот, во Вардарскиот 23, а во Североисточниот 10.

ДЗС информира дека предвидената вредност на објектите што ќе се градат според издадените одобренија изнесува 74,5 милиони евра и е за 12.1 проценти помалку во однос на март лани.

Агресивна урбанизација на Аеродром, Карпош и Центар

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, речиси половина односно 182 се наменети за изградба на згради односно објекти од високоградба, а 69 (18,5 проценти) од нискоградба и 122 (32,7 проценти) за објекти за реконструкција. Како инвеститори на 195 објекти (52,3 проценти) се јавуваат физички лица, а на 178 (47,7 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Плац по плац, отиде половина Водно

Во извештајниот период е предвидена изградба на 501 стан, со вкупна корисна површина од 45 333 метри квадратни. Од вкупно предвидените 265 станови се во Скопскиот регион, од кои 178 во Општгина Гази Баба, 56 во Шуто Оризари, 28 во Карпош, 17 во Центар, 11 во Илинден, осум во Чучер Сандево, седум во Бутел и четири во Сопиште.