АП: Путин испраќа разузнавач на Балканот

Николај Патрушев

Сите очи се насочени кон Украина и можна руска инвазија на таа земја, а рускиот претседател Владимир Путин го испраќа главниот разузнавач Николај Патрушев на Балканот каде што Москва се обидува да го задржи своето влијание, пред сѐ преку нејзиниот сојузник Србија, пишува американската новинска агенција АП. Српските провладини медиуми вчера објавија дека секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, на 28 февруари во Белград ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Официјална Москва не го коментираше ваквиот навод.

Косово ги отфрла обвинувањата за испраќање „платеници“ во Украина

Официјални лица од Албанија, БиХ и Косово ги отфрлија обвинувањата дека борците од тие територии одат како платеници во Украина, на чија страна се борат против проруските сепаратисти. Најавено е дека на средбата Вучиќ и Патрушев ќе се разговара за наводите кои претходно ги изнесе министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. Според АП, за ова било разговарано и на вчерашната седница на Советот за безбедност со која претседаваше Вучиќ.

Додека решава што со Украина, Путин е опкружен со тесен круг „јастреби“

Порано имаше Срби на фронтот во Украина, но на проруска страна. Србија официјално прогласи неутралност во тензиите во источна Украина. Сепак, српските медиуми под контрола на државата директно ја поддржуваат Москва во кризата, „пренесувајќи ја руската пропаганда без никакви оградувања“, објави АП.