Алјаска забележа рекордно високи температури

Министерството за транспорт на Алјаска предупреди дека патиштата уште долго ќе бидат под слој мраз.

Необичната дневни температури од над 15,5 Целзиусови степени беа забележани на Алјаска, како и пороен дожд во текот на годината кога вообичаено има голем студ и снег.

Како што пишува Гардија, на островот Кодијак температурата на воздухот во неделата достигна 19,4 степени, што е највисоко досега забележано на Алјаска во месец декември, рече научникот Рик Томан од Центарот за климатска проценка и политика на Алјаска.

Тој тоа го нарече „апсурдно“.

Новиот референтен максимум дојде во време на низа благи декемвриски екстреми, рече Томан, ​вклучително и 18,3 стеепни забележани на аеродромот Кодијак, рекордни 16,6 степени на полуостровот Алјаска во заедницата „Колд Беј“ и најмалку осум декемвриски дена над 10 степени во алеутскиот град Уналаска.

Топлото и влажно време среде зима станаа почесто на Алјаска во последните две децении отколку во претходните години, што е знак за климатските промени, рече Томан.

„Тоа е токму она што го очекуваме во светот што се загрева“, рече тој