Блинкен изрази сочувство до граѓаните на Северна Македонија и на Бугарија

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен упати изрази на сочувство до граѓаните на Северна Македонија и на Бугарија поради загубените животи на голем број луѓе во автобуската несреќа во близина на Софија и пожарот во домот за стари и изнемоштени лица во Бугарија. „Стејт департментот и американскиот народ изразуваат длабоко сочувство до граѓаните на Северна Македонија и на Бугарија поради трагичната загуба на животи во денешната автобуска несреќа и вчерашниот пожар во дом за стари и изнемоштени лица. Нашите срца се со сите ужалени, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување“, напиша Блинкен на Твитер.

Tрагедија – 46 луѓе загинаа во несреќа на македонски автобус во Бугарија

Автобус со македонски регистерски таблички, кој се враќал од Истанбул, вчера изутрината се запаливо движење на автопатот Софија-Благоевград, кај селото Боснек. Во несреќата загинаа 46 патници, меѓу кои 12 деца, а седуммина се повредени. Во пожар којшто вчера го зафати домот за стари и изнемоштени лица во селото Ројак, во источниот дел на Бугарија, загинаа девет лица, од кои некои се задушиле од чад, изјави претходно висок претставник на бугарското Министерство за внатрешни работи.