Нови 490 случаи со Ковид19, девет починати

илустрација

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.869 тестирања, а регистрирани се 490 нови случаи со Ковид-19, девет починати и 484 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од 490-те нови случаи од Скопје се 209, Битола – 42, Прилеп – 33, Кавадарци – 30, Велес – 18, Куманово – 17, Ресен – 16, Берово – 14, Кочани – 12, Гевгелија и Делчево – по 10, Тетово и Штип – по 8, Струмица и Крива Паланка – по 7, Радовиш – 6, Кичево и Богдаци – по5, Валандово, Кратово, Македонска Каменица и Пехчево – по 4, Охрид, Свети Николе и Неготино – по 3, Струга и Виница – по 2, Гостивар, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 1 случај.

Од деветте починати три се од Скопје и Штип, две од Куманово и едно починато лице од Берово. Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Оздравени се 484 пациенти во изминатото деноноќие.

Дополнително, согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, се пријавени шест починати лица со датум на смрт од 25.10.2021 до 20.11.2021. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 212.865, на оздравени пациенти е 197.120, на починати 7.464, а на активни случаи изнесува 8.281.