Од денеска влез во објекти само со сертификат за целосна вакцинација или за прележан ковид-19

влез во објекти само со сертификат за целосна вакцинација или прележан ковид-19

Од денеска за влез во објекти е потребен сертификат за примени две дози на вакцина или потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни.

Петличковски - Ги оправдувам рестрикциите за невакцинирани


„Ги повикуваме граѓаните кои сѐ уште не се вакцинирани, што побрзо да го направат тоа. Само со колективен имунитет може да го победиме вирусот“, се наведува во соопштението од Министерството.

Нови 285 заразени со ковид и вкупно осум починати

Инаку, во последните 24 часа регистрирани се 285 нови случаи на ковид-19 од направени 2.667 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Регистрирани сe 328 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (72г и 91г) и Велес (72г и 87г) и едно починато лице од Берово (79г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.