Стартува вакцинацијата против сезонски грип

Од денеска почнува вакцинацијата против сезонски грип. Вакцинацијата ќе се врши во центрите за јавно здравје и дел од здравствените домови во Скопје каде не се врши вакцинација против ковид-19.

Набавени се 40 000 четириваленти вакцини, кои ќе бидат бесплатни и уште 11 илјади комерцијални вакцини. Граѓаните кои се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk ќе добијат СМС пораки во кои ќе им биде напишан датумот, часот и местото за вакцинација.

Бесплатна вакцинација е за хронично болните, граѓаните над 65 – годишна возраст, бремените жени, децата и здравствените работници. Ќе има и теренска вакцинација и тоа во домовите за стари лица, центрите за дијализа, за здравствените работници ќе се организира пункт во Институтот за јавно здравје.
Во Скопје, освен во Центарот за јавно здравје, вакцинација ќе се врши о во поликлиниките во Ѓорче Петров, Бит Пазар и во Идадија.

Ставот на Националниот комитет за имунизација е дека нема никаков ризик ако двете вакцини таа за сезонски грип и за ковид-19 се примат во исто време, а ако не се примат во исто време нема разлика колкaв временски период ќе биде дистанцата меѓу двете вакцинации.