Во земјотресот во регионот на Токио повредени над 30 луѓе

Повеќе од 30 луѓе се повредени во земјотресот што ја погоди областа Токио, кој бил со сила од 6,1 степени според Јапонската метеоролошка агенција. Возовите што беа запрени како мерка на претпазливост, утрово сообраќаат со задоцнување, поради што се формираат големи гужви и редици за влез во станиците. Земјотресот погоди голем дел од источна Јапонија, ги потресе зградите и ги вклучи алармите на телефоните на жителите, предупредувајќи ги да се засолнат. Епицентарот на земјотресот, кој се случи во четвртокот во 22,41 часот по локално време беше на длабочина од 80 километри во префектурата Либа, источно од Токио, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Американскиот геолошки институт процени дека земјотресот бил со јачина од 5,9 степени на длабочина од 61 километар.

10-годишнина од нуклеарната катастрофа во Фукушима

Агенцијата за справување со катастрофи и пожари утрово извести дека 32 лица се повредени, претежно полесно. Беа извршени проверки во нуклеарните централи и не била забележана аномалија. Јапонија е во Пацифичкиот огнен појас, каде што се одвива силна сеизмичка активност, која се протега низ Југоисточна Азија и Пацифичкиот басен. Јапонија има строги стандарди за градба, така што зградите можат да издржат силни земјотреси. Земјотрес со сила од 6,1 степени според Рихтеровата скала веќе беше почувствуван минатата недела кај северозападниот брег на Јапонија, но не предизвика голема штета.