Вицепремиерот Димитров во Белград на економски форум за Западен Балкан

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, денеска ќе учествува на 21-от Економски форум во Белград како говорник на панелот: „ЕУ-Западен Балкан: Што може да очекуваме од состанокот на ЕУ во Словенија?“. Вицепремиерот Димитров и претставниците на ЕУ, земјите членки, Европскиот парламент и тинк-тенк секторот, ќе се осврнат врз актуелните прашања во врска со односите ЕУ-Западен Балкан и европските перспективи во контекст на претстојниот октомвриски Самит во рамки на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ.

Мал самит - големи очекувања: Западен Балкан чека одговор во Брдо

Димитров до Захариева: Нема ниту еден приговор за дискриминација на етничките Бугари

Настанот се одржува во соработка со Делфи економскиот форум на кој Димитров учествуваше во мај годинава, како продолжение на дискусијата за политичка и економска соработка меѓу земјите во регионот и процесот на нивното интегрирање во Унијата.