И покрај критиките Тајван воведе домашна вакцина

Претседателката Цаи Инг-Вен ја прима вакцината Медиген, 23 август 2021

Тајван започна да ја користи првата домашно произведена вакцина против ковид19 и покрај критиките дека се брзало со нејзиното одобрување.

Министерството за здравство одобри итна употреба на вакцината Медиген минатиот месец, иако клиничките испитувања се се уште во тек. Напорите за вакцинирање на Тајван беа попречени од одложувањата во испораката на вакцини против корона вирусот и флуктуациите на населението.

Претседателката Цаи Инг-Вен денеска ја прими вакцината Медиген.

Во времето на одобрување, вакцината развиена од компанијата Medigen Vaccine Biologics се уште не ја завршила третата фаза на тестирање, но регулаторните власти ја одобрија нејзината итна употреба.

Компанијата соопшти дека не е загрижена за безбедноста на вакцината, додека студиите покажаа дека произведените антитела „не се полоши“ од оние произведени од вакцината АстраЗенека. Се очекува тајванската вакцина да го заврши последниот круг тестирања во Парагвај подоцна оваа година.

Медиген, чие име на кинески буквално значи „супериорен“, е рекомбинантна протеинска вакцина, слична на онаа што ја разви Новавакс. Вакцината Новавакс користи потрадиционален метод за враќање на дел од протеинот на вирусот за да го стимулира имунолошкиот систем.