Пожарот кај Пехчево може да се прошири и кон Бугарија

Центар за управување кризи (ЦУК) - Мапа на активни и локализирани пожари до 17 часот во Македонија, 6 август. 2021

На неколку места во Македонија има активни пожари, а исклучително тешки се тие во Делчевско и во Пехчевско. Многу луѓе и опрема се борат до пожарите, но теренот и условите не дозволуваат тие да се стават по контрола, велат од ЦУК. Тој кај Пехчево може да избега кон Бугарија.

Исклучително тешки се пожарите во Пехчевскиот и во Делчевскиот регион. Тој во Делчевско благо се нормализира, но не е ставен под контрола, пожарот во близина на Пехчево се доближува до неколку села – Умлена, Црник, Мачево, Будинарци, но нема опасност по куќите и животот на луѓето и на стоката, рекоа членови на Центарот за управување со кризи(ЦУК) на попладневната прес-конференција.

„Во моментов таму се дејствува со навистина многу жива сила, но условите се многу тешки и тоа допринесува да не може да се дејствува да се спречи пожарот“, рече Горан Стојковски од ЦУК.

За гаснење на пожарите на неколку локации во земјава на располагање се ставени два хеликоптер на македонската Армија и четири хеликоптери од Србија кои се дојдени на помош. Но пожари гаснат еден наш и три српски, а другите одмараат. Едни пожари се гаснат, други се појавуваат вели Стојковски.
За пожарот во Пехчевскиот регион, Стојковски, вели дека може да избега во правец на Република Бугарија, но со сигурност не може да се каже дали ќе биде така, па затоа се прават напори да се вклучат и дополнителни хеликоптери за да може да се заштити тој појас.

Во светиниколско еден крак кон Кадрифаково исто така е тешко да се гасне, оти го гаснеш, па пак се разгорува, вели Стојковски.

Пожарите во Прилепскиот регион, кај Дрен и кај Смолани се исто така многу тешки за гаснење, си бара хеликоптер за да се стави под контрола, рече Цтојковски од ЦУК. И за пожарот кај Дамјан во Радовиш има барање да се прати хеликоптер.

Видете и ова: Шумарите и пожарите - капацитети и неработење

Од ЦУК информираа дека пожарот кај Сарај во Скопје е изгаснат, но се разгорел крак кон село Ласкарци. Просторот не дозволува гаснење, а и ветерот го отежнува гаснењето.

Пожарот кај Гостивар, Пожаране, од ЦУК се надеваат дека ќе се стави под контрола.

Во Куманово, кај Бељаковце е изгаснат, како и пожарот кај Ранковце. Денеска пак се гаснело кај Кокино, каде имаше пожар на 2 август.

Пожарна Скопје вчера имала 29 дојави за пожар, од кои 7 лажни

Сите пожари во скопскиот регион на кои се интервенираше вчера се изгаснати. Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во текот на вчерашниот ден имала 29 дојави за пожар од кои е интервенирано во 22 случаи, а седум дојави биле лажни.

„Не се памети ден како вчерашниот. Досега не сме имале 22 интервенции за помалку од 24 часа. Првата дојава беше околу 10 часот, а последната во 21:45 часот“, вели командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски за МИА.

Состојбата во поранешната фабрика „ОХИС“ е стабилна, а денеска е изгаснат и пожарот над Сарај кон „Јасен“.

Оценките на пожарникарите се дека дел од пожарите се подметнати.

Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во моментот има една екипа испратена во пехчевско-делчевскиот регион.

Полиција на местото на изгорени куќи во селото Челопек, Старо Нагоричане

Се трага по жената од Челопек

Откако е извршен детален увид на местото на опожарената куќа во Челопек, Старо Нагоричане, не се пронајдени остатоци кои укажуваат на опожарено лице. Распишана е потрага по лицето, информираа денеска надлежните од МВР. Сопственикот на изгорената куќата изјави дека неговата сопатничка, 60 годишна жена, не успеала да му избега на пожарот и тој се сомнева дека изгорела.

Од Министерството за животна средина апелираа граѓаните да бидат повнимателни, оти пожарите може да имаат катастрофални последици по здравјето на луѓето, природата и животната средина. Пожарите го загадиле воздухот и вчера на речиси сите мерни станици воздухот бил позагаден од од пропишаната среднодневна гранична вредност. Пожарите се одразуваат и на исправноста на водата, па од Министерството апелираат пред употреба да се направи контрола на исправноста на водата од бунарите и изворите. Дополнително, треба да се има предвид дека водата што се користи за гасење на пожарите се црпи од околните водни тела, поради што е можно нарушување на водниот баланс.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Пожари беснеат во Македонија

Полицијата приведува осомничени за подметнување пожари

Полицијата од Радовиш привела човек од село Тополница осомничен за подметнување пожари во село Погулево и Дамјан. Тој откако ги забележал полициските службеници се обидел да избега, но бил фатен, приведен и се работи на расчистување на случајот. Вчера за подметнување пожар беше уапсен и човек од Ресенско. А пред два дена полицијата уапси државјанин на Албанија поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар над гостиварско село Пожаране.