Во Грција уапсен Мароканец, осомничен дека бил поранешен водач на Исламската држава

Во Солун уапсен екс лидер на Исламската држава, илустративна фотографија

Грчките власти го уапсија мароканскиот државјанин Абу Мохамед Ал Фатех, осомничен дека е поранешен водач на екстремистичката група Исламска држава. Извор од грчката полиција наведе дека 28-годишникот бил уапсен како дел од тајната операција во Солун, поради поврзаност со Исламската држава во Сирија. Во 2017 година, Мароко издаде меѓународна потерница за уапсениот. Извори од мароканските безбедносни служби наведоа дека Ал Фатех бил уапсен во вторникот и дека се бара „поради учество во подготовка на терористички напади во Мароко“.

Педесетина борци на Исламска држава треба да се вратат во земјава

Ал Фатех ѝ се приклучил на Исламската држава во 2014 година во Сирија, каде што бил „на одговорни позиции“, според извори во Рабат. Успеал да избега од Сирија со помош на лажни документи. Според официјалните податоци, на џихадистите во Сирија, Ирак и Либија им се придружиле околу 1.600 Мароканци, од кои 270 се вратиле во Мароко, а 745 биле убиени.