Неформален состанок на министрите за животна средина на Брдо кај Крањ

ЕУ сака да ги забрани возилата на бензин до 2035 година

Министрите за животна средина на Европската унија на дводневниот состанок што денеска почнува на Брдо кај Крањ, Словенија ќе разменат информации за новиот пакет на Европската комисија за усогласување на главните политики на ЕУ со цел намалување на емисиите на стакленички гасови за најмалку 55 насто до 2030 година од нивото во 1990 година. На овој дел од состанокот ќе учествува и извршниот потпретседател на Европската комисија Франс Тимерманс.

Дали потопи како во западна Европа ќе има сѐ почесто?

Министрите, исто така ќе разговараат и за подготовките за Конференцијата на на ОН за климатски промени што ќе се одржи во Глазгов во ноември. Вториот ден од состанокот, на кој ќе биде присутен Вирџиниј Синкевичиус, европски комесар за животна средина, океани и риболов, ќе биде посветен на биодиверзитетот. Сесијата ќе започне со дискусија за подготовките за Конференцијата на страните на Конвенцијата за биолошка разновидност и за Глобалната рамка за биолошка разновидност по-2020 година.