Маричиќ: Пописот ќе биде спроведен во септември

Министерот за правда Бојан Маричиќ.

Пописот во септември ќе се спроведе според највисоките статистички стандарди, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ за време на негова посета во Тирана.

Маричиќ смета дека има силна политичка волја и поддршка кај граѓаните наесен да се одржи попис и уверува дека државата има модерен закон и методологија кои гарантираат дека пребројувањето на населението ќе биде според највисоките стандарди.

„Сметаме дека ова е процес што треба да го направиме оваа година, бидејќи е неопходен за државата за да се креираат добри политики за нашите граѓани. Планираме да започнеме на 5 септември и да завршиме на 30 септември. И убеден сум дека тоа ќе се случи“, вели Маричиќ додавајќи дека не гледа причина пописот повеќе да се одложува.

Одложувањето на пописот беше усвоено во Собранието, во април годинава. Собранието. Пратениците исполнувајќи го Бадентеровиот принцип се согласија да се одржи пописот од 5 до 30 септември. Во Македонија последен пат се одржа попис во 2002, обидот за попис во 2011 беше неуспешен.