Николовски-Декретот на Бајден е порака до тие што што ги блокираат процесите во државава

Декретот на американскиот претседател Џо Бајден во која е наведено дека сите граѓани кои нема да ги почитуваат Преспанскиот и Охридскиот договор и што ќе работат против демократските процеси во Западен Балкан ќе бидат ставени на црна листа и нема да им биде дозволен влез во САД, е порака за сите што ги блокираат или сакаат да ги блокираат процесите во државата, изјави денеска вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски.

Претходно, Стејт Депатментот соопшти дека Соединетите држави ја „модернизираат“ својата политика за санкции кон Западен Балкан со натамошно насочување кон корупцијата, кршењето на човековите права и актите што ја загрозуваат демократијата во регионот . Претседателскиот декрет го додава Договорот од Преспа за решавање на спорот меѓу Грција и Северна Македонија од 2018 година, како и договорите со кои се стави крај на конфликтот во Босна и Херцеговина.

Договорот од Преспа во проширените санкции на САД за Западен Балкан

„Се уште во детали го немаме видено овој документ, меѓутоа, може да потенцирам дека граѓаните на Република Северна Македонија цврсто се одлучија да застанат и зад Охридскиот и зад Преспанскиот договор и тоа се темелите на овој нов пат, на ова модерно општество трансформирано по европски терк со стабилни меѓуетнички односи, ориентирано кон напредок, развој, интеграции“ изјави Николовски.

Сервер: ЕУ неразумно ги одложи преговорите со С. Македонија и Албанија

Вицепремирот истакна дека Владата целосно ќе го почитува американскиот претседателски декрет и смета дека имаат причини зошто токму ова е потенцирано во него.