Достапни линкови

Сервер: ЕУ неразумно ги одложи преговорите со С. Македонија и Албанија


Даниел Сервер, професор на Универзитетот Џонс Хопкинс во САД и експерт за Западен Балкан
Даниел Сервер, професор на Универзитетот Џонс Хопкинс во САД и експерт за Западен Балкан

ЕУ и САД мора да дејствуваат ако сакаат да избегнат потенцијална нестабилност во Западен Балкан, изјави за РСЕ професорот на Универзитетот Џонс Хопкинс во САД и експерт за Западен Балкан Даниел Сервер. Според него, досега немало доволна реакција против нон-пејперите. Џенана Халимовиќ.

„Досега немаше доволно реакција. Американците јасно ставија до знаење дека ги поддржуваат постојните државни структури. И во ЕУ, Германија го стори тоа, а тие сè уште се прашуваат многу. Но, тие не презедоа ништо за да го поддржат она што го рекоа. Мислам дека тие треба да го сторат она што го рекоа или преку санкции или со други средства што им се на располагање“, вели за Радио Слободна Европа експертот за Западен Балкан Даниел Сервер, осврнувајќи се врз нон-пејперите што кружат во дипломатските кругови, од кои најзабележителен е оној што му се припишува на словенечкиот премиер Јанез Јанша за промената на границите на Западен Балкан. Врската со таквиот нон-пејпер ја негираше Владата на Словенија.

Нон-пејперите се проценки или мислења за разни прашања што се дели меѓу владите или институциите без да се наведат извори, и е без сила на официјален документ. Во нив, главно се предлага поделба на Босна и Херцеговина. На прашањето дали е можно такво нешто Сервер вели:

„Се разбира дека е можно, но не е можно без насилство. Мислам дека повеќе од 50 проценти од луѓето, се посветени на зачувување на државната структура, а голем процент би биле подготвени да се борат за нејзино одржување. Бошњаците сакаат да бидат дел од Европа, а оние што практикуваат ислам се умерени муслимани“.

Димитров: Случајот со С. Македонија е тест за кредибилитетот на ЕУ на Западен Балкан

Говорејќи како на тоа би можело да реагираат Соединетите држави Сервер вели дека во моментов Вашингтон е зафатен со решавање на многу порблеми, но оти ќе реагираа доколку биде тоа потребно:

„Па, факт е дека БиХ е прилично ниско во приоритетите на Вашингтон денес и многу е тешко да се донесат прашањата во врска со Западен Балкан на ниво на претседател. Убеден сум дека претседателот ќе реагира веднаш штом постои закана за државата БиХ, но најдобриот начин е да се дејствува пред каква било опасност“. Затоа тој смета дека главната улога треба да ја има ЕУ.

„Како прво, географски, бидејќи Западен Балкан е во Европа и ја дели Европа, всушност, затоа што се наоѓа помеѓу Грција и остатокот од Унијата. Фактот дека Европа не обрнува внимание на Западен Балкан е стратешка грешка, но, во исто време, морам да признам дека има луѓе во Европа кои обрнуваат внимание“, вели тој.

Сервер оценува дека европскиот проблем е што тие сега се многу позагрижени за миграцијата и нивната неподготвеност да примат нови членки, бидејќи на сцената владее длабока рецесија, најновата предизвикана од вирусот, но и пред тоа, финансиската криза на 2008 година.

„Европејците се преокупирани со сопствените внатрешни проблеми, би рекол, и им е многу тешко да ги остават тие прашања настрана, за да ги направат вистинските работи на Балканот. Ова е многу видливо во врска со започнувањето преговори за членство со Албанија и Северна Македонија. Тие неразумно ги одложија тие преговори, бидејќи министрите за внатрешни работи не беа заинтересирани за воведување нови земји-членки и беа позагрижени за транснационални криминални прашања, миграциски прашања. Потребна ни е порешителна и јасна политика кон Западен Балкан“.

Според Сервер, денес би било исклучително важно доколку Грција ја признае државата Косово како независна, иако Грција има амбасада во Приштина и нема смисла да не ја признава. Потегот кон признавање би помогнал да се направи поплоден натамошниот дијалог меѓу Приштина и Белград.

Русија може да има корист од кризата во Црна Гора

Даниел Сервер исто така оценува дека целта на Русија на Балканот е да спречи напредок кон Западот, било да е тоа членство во ЕУ, а особено членството во НАТО.

„Загубија во Црна Гора, загубија во Северна Македонија и сега сакаат да победат во БиХ и Србија, бидејќи знаат дека, се разбира, ќе загубат на Косово“, вели во интервју за Радио Слободна Европа, професор Даниел Сервер кој е еден од околу 250 интелектуалци кои потпишаа апел до ЕУ, САД и земјите членки на НАТО со кои ги повикуваат да предупредат на негативната динамика на Западен Балкан, што потенцијално води до нестабилност.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG