Бочварски – Нацрт-верзија на законот за легализација на дивоградби за две недели

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски

Во моментов се прават консултации со Асоцијацијата на архитекти, Комората на овластени инженери, НВО секторот и со сите институции со што се креира ново законско решение за легализација на дивоградбите, порача денеска од Штип, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Тој очекува првичната верзија на новиот закон за легализација на дивоградби да биде готова за две недели.

Тој посочи дека по изготвувањето на новиот Закон за легализација на дивоградби ќе следи дебата со сите политички партии. Очекува да се донесе законот во интерес на граѓаните, кои се од социјално ранливите групи, бидејќи како што вели, доколку не му се даде зелено светло, во тој случај општините ќе можат да ги уриваат ваквите домови, кои се над 50.000.

Собранието, со поддршка и на власта и на опозицијата, пред еден месец го донесе Законот за легализација на дивоградби, но по реакциите во јавноста претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот.

Сега власта подготвува нов закон.