Во хрватските аптеки од денеска достапни тестови за самотестирање

Во аптеките во Хрватска од денеска се достапни тестови за само-тестирање на коронавирус. Вчера во таа земја пристигнаа 10 илјади тестови, а уште 20.000 ќе пристигнат денеска.

Јаков Радошевиќ, член на Управниот одбор на веледрогеријата Медика, рече дека тестот ќе чини од 75 до 85 куни (10 до 11 евра), додавајќи оти ова се првите тестови пријавени и одобрени од Хрватската агенција за лекови и медицински производи.

Тој истакна дека очекува до крајот на неделава сите заинтересирани аптеки и продавници да им понудат на граѓаните ваков тест.

„Тестот регистрира квалитативно присуство на антигенот. Овој тест се користи на површината на носот, носниот брис е на околу 2 до 2,5 сантиметри, се става во течноста и резултатите се готови за 15 до 20 минути, изјави Радошевиќ.