Наследниците на Самсунг ќе платат 11 милијарди долари данок на наследство

Семејството на претседателот на Самсунг електроникс, Ли Кун-хи соопшти дека ќе плати околу 10,8 милијарди американски долари данок на наследство, што е едно од најголемите даночни плаќања во светот.

Ли, кој беше најбогатиот човек во Јужна Кореја, почина во октомври 2020 година на 78-годишна возраст, оставајќи им на наследниците имот во вредност од околу 20 милијарди долари.

Во денешната изјава, јужнокорејскиот електронски гигант соопшти дека исплатата ќе биде на шест рати. Се работи за повеќе од половина од вкупната вредност на имотот на починатиот.

Покрај тоа ќе бидат донирани околу 23 илјади парчиња од колекцијата на антиквитети и слики на Ли, соопшти Самсунг, меѓу кои има и 14 предмети класифицирани како национално богатство, кои ќе бидат изложени во Националниот музеј на Кореја.

Јужна Кореја има еден од највисоките даноци на наследство во светот.

Синот на починатиот Ли, Џеј Ј. Ли, кој е потпретседател на Самсунг електроникс, е дефакто шеф на компанијата од 2014 година. Во моментов тој е во затвор, каде што отслужува двегодишна казна заттвор за неговата вмешаност во скандал со мито.