Нови 86 случаи, починати 37, а оздравени 856 пациенти од коронавирус

Тестирање на Ковид-19 во Македонија. Илустрација.

Во последните 24 часа се направени 808 тестирања, а регистрирани се 86 нови случаи на Ковид- 19. Регистрирани се 856 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 37 починати лица. Од нив 11 се од Скопје, 5 лица од Охрид, по 4 лица од Битола и Кавадарци, по 3 лица од Куманово и Тетово, од Прилеп 2 лица и по едно починато лице од Велес, Струмица, Струга , Делчево и Валандово. Од починатите пациенти, 4 лица се починати во домашни услови, а 33 се починати во болнички услови.


Досега во земјата се направени вкупно 710.265 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.672, бројката на оздравени пациенти е 129.909, на починати е 4.714, а бројот на активни случаи изнесува 16.049.