Нови 1259 случаи на ковид 19, починале 45 лица

илустрација, ковид пациенти

Во последните 24 часа се направени 4.555 тестирања, а регистрирани се 1.259 нови случаи на Ковид-19 и тоа во следните градови: Скопје – 562, Битола – 97, Куманово – 83, Велес -51, Струмица – 48, Кавадарци – 47, Охрид – 42, Прилеп – 40, Тетово – 38, Гостивар – 34, Гевгелија – 28, Кичево – 26, Штип – 22, Радовиш – 17, Свети Николе и Валандово – по 14, Кочани, Ресен и Берово – по 13, Крива Паланка – 11, Пробиштип – 8, Неготино – 7, Струга, Делчево и Македонски Брод – по 5, Крушево и Богданци – по 4, Демир Капија – 3, Демир Хисар – 2, Виница, Кратово и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 751 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 45 починати лица. Сите пријавени пациенти се починати во болнички услови.

Стравот најголем противник на вакцинацијата

Досега во земјата се направени вкупно 647.559 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 136.426, бројката на оздравени пациенти е 111.139, на починати е 4.022, а бројот на активни случаи изнесува 21.265.