„Неработна недела“ од 1 јануари 2022

Вицепремиерот Фатмир Битиќи

Примената на Законот за работни односи и „Недела неработен ден“ ќе бидат со одложена примена, од 1 јануари 2022 година, соопштија вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шехпаска, на денешната редовна месечна седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог што се одржа во Владата.

Владата во својата програма вети дека денот недела ќе биде неработен со цел унапредување на правата на работниците во Македонија. Сепак, во изминатиов период, претставниците на власта најавуваат дека во конечното законско решение бидат исклучени работниците во одредени дејности.

Видете и ова: За кого недела ќе биде неработен ден?


Одложената примена ќе важи и за измените и дополнувањата на Законот за данок на имот. Како што информираше денеска заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, Предлог-законот за данок на имот е во собраниска процедура.

„Стапките на данок на имот остануваат во рамките во кои беа до сега, освен за оние лица кои поседуваат повеќе единици на имот и кои не се користат или не се во економска функција. Законските измени се во функција на зголемување на продуктивноста и зголемување на приходите по основ на данок на имот“, нагласи Ковачевски.