Пакистанскиот премиер два дена по вакцинација позитивен на ковид-19

Премиерот на Пакистан, Имран Кан

Премиерот на Пакистан, Имран Кан е позитивен на ковид-19, два дена откако ја прими вакцината против болеста. Специјалниот здравствен советник на премиерот Фајсал Султан на Твитер напиша дека Кан се изолирал дома.

На Кан вакцината од кинескиот производител Синофарм му беше дадена на 18 март. Синофарм е единствената вакцина против коронавирус што досега се користи во Пакистан. Во февруари Кина и донираше на земјата половина милион дози.

Јужноазиската нација со 220 милиони жители забележа нагло зголемување на инфекциите со коронавирус. Според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, во Пакистан има повеќе од 11,5 милиони потврдени случаи на коронавирус, што е најголема бројка по САД и Бразил. Скоро 160 000 луѓе починаа во Пакистан од ковид-19.