Во изминатите 24 часа затворени пет правни и два угостителски објекти

илустрација

Во изминатите две деноноќија затворени се пет правни субјекти, три во Скопје, од кои една игротека во која имаше роденденска прослава и два угостителски објекти каде беше затечена состојба спротивна од Законот за заштита на населението од заразни болести, изјави за медиумите Александра Котели од Државниот пазарен инспекторат.

Во истите објекти биле затекнати голем број на гости кои не седеле по четворица на маса, послужување на пијалаци на шанк, играње и групирање спротивно на Одлуката на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Котели додаде дека е затворен еден објект во Тетово каде со асистенција со припадници на МВР била прекината свадбена прослава на која биле затечени 50 гости, како и уште два субјекти кои се нерегистрирани во Скопје, кај кои е затечено прекршување како на Законот за заштита на населението од заразни болести и протоколите така и Законот за вршење на нерегистрирана дејност.
Сите објекти кај кои се регистрирани прекршоци се привремено затворени и издадени се прекршочни платни налози.

Прерано опуштање - се зголемува бројот на заразени од Ковид 19

Од ДПИ појаснуваат дека се извршени повеќе контроли на ниво на територијата на целата држава. Преходно медиумите објавија дека дел од затворените објекти се стриптиз бар во селото Крушопек, угостителски објект во ТЦ „Мавровка“, како и локалите „Интермецо“ и „Три кичен“.