Мексико на прагот да ја легализира марихуаната

Мексико станува најголемиот регулиран пазар на канабис во светот

Долниот дом на Конгресот на Мексико гласаше за легализирање на марихуаната за рекреација, со што се отвори патот земјата распарчена од насилствата на нарко-картелите, да стане најголемиот регулиран пазар на канабис во светот. Законот е поддржан од партијата Морена на претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор и нејзините сојузници. Мерката се очекува да помине во Сенатот и да ја потпише претседателот. Со тоа Мексико, кој има население од 126 милиони луѓе, ќе биде уште една од само неколкуте земји, вклучувајќи ги Уругвај и Канада, кои го легализираа канабисот за рекреативна употреба. Ова доаѓа во време кога демократите во Соединетите држави, вклучително и лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, се залагаат за сеопфатно законодавство за ставање крај на федералната забрана за употреба на оваа дрога оваа година, откако се поголем број држави во САД ја легализираа марихуана за рекреативна и медицинска употреба.

Како легалната марихуана заврши во рацете на криминалците?

Во Мексико, оваа мерка ќе им овозможи на возрасните да пушат марихуана и да одгледуваат ограничен број на растенија дома. Исто така, ќе се доделат лиценци за одгледување, трансформација, продажба, истражување и извоз или увоз на марихуана. Поддржувачите на мерката велат дека легализацијата ќе помогне во спречувањето на војната меѓу нарко-бандите во Мексико, која од 2006 година однесе скоро 300.000 животи. Други сметаат дека тоа не оди доволно и се прашуваат како законот ќе влијае врз малите земјоделци на канабис во милост и немилост на моќните картели. Критичарите велат дека легализацијата најверојатно нема да стави крај на насилството, бидејќи картелите повеќе ќе тргуваат со кокаин и други дроги со оглед на легализацијата на марихуаната во САД и Канада.