Нетанјаху во Обединетите Арапски Емирати

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ќе ги посети Обединетите Арапски Емирати, првпат по потпишувањето на договорот за нормализирање на односите во минатата година. Нетанјаху ќе се состане со принцот престолонаследник Мухамед бин Зајед ал Нахјан. Имаше извештаи дека официјални лица во Емирати наводно се двоумеле дали да бидат домаќини на премиерот пред изборите во Израел за помалку од две недели, за да не се мешаат во тоа. Американскиот портал Аксиос пренесува дека Нетанјаху му дал задача на шефот на Мосад, Џоси Коен, да ги убеди ОАЕ да се согласат на посетата, без да знаат дали за возврат нешто ѝ е ветено на таа земја.

Абас: Договорите на Израел со ОАЕ и Бахреин не носат мир

Посетата на Нетанјаху ќе трае неколку часа пред тој да се врати во Израел на средба со премиерите на Унгарија и Чешка. Нетанјаху неодамна рече дека неговата посета на ОАЕ „е од голема безбедносна, национална и меѓународна важност“. ОАЕ е првата земја од Заливот што се согласи да воспостави целосни дипломатски односи со Израел врз основа на таканаречените договори Аврам, кои беа потпишани од Соединетите држави. Следуваа Бахреин, Мароко и Судан.