На инфективните одделенија се лекуваат 331 пациент

Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ државата е пријавено дека се лекуваат вкупно 331 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот, информираат од Министерството за здравтсво врз основа на извештаите од болниците кои пристигнуваат на дневна основа.

На повидок вакцинација со кинеските вакцини

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 594 и има околу 520 празни болнички кревети во ковид центрите.
Од Министерството за здравство информираат дека во тек на денот се прават исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.