Кривичниот суд лани решил над 44.000 предмети

Иван Џолев

Претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, денеска на редовен брифинт со медиумите и невладините организации, информираше за учинокот на Судот за минатата година. Џолев кажа дека лани биле решени над 44 илјади предмети.

Според него, ланската година Кривичниот суд ја започнал со 20.380 предмети од претходната година и 43.080 ново-примени предмети, односно со вкупно 63.460 предмети во работа, од кои решиле 44.040 предмети, а за завршување останале 19.420 предмети. Старите предмети, постари од две години, имало 3.013 и биле решени 2.009 предмети.

„Со тоа Основниот кривичен суд Скопје го надмина приливот на предмети и го намали заостатокот на нерешени предмети што е показател на ажурноста на судот“, рече Џолев.