Филипче: Првите вакцини од Фајзер и преку Ковакс во февруари

Венко Филипче, министер за здравство

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека дозите вакцини од производителот „Фајзер“ за Македонија се веќе резервирани, а првите од нив се очекува да пристигнат во државата во февруари.

„Во истиот период вакцини се очекува да пристигнат и преку системот Ковакс“, рече Филипче во одговор на новинарско прашање по примопредавањето на донација во Институтот за судска медицина.

Министерот објасни и зошто дозите коишто се очекуваше да ги добиеме преку механизмот на Европската комисија за солидарност, не се пристигнати.

„Можно е Австрија, Бугарија, Полска и Грција да одделат некоја количина од своите, но јасно ни укажуваат зошто тоа до сега не беше направено - проблемот е во количината којашто ја добиле. Значајно помала, некаде 1/10 од планираната за нивните земји“, рече Филипче.