Нови 345 случаи на коронавирус, осуммина починати

Илустрација

Во изминатото деноноќие во Македонија се регистрирани 345 нови случаи на ковид-19, а осум луѓе починаа, информира Министерството за здравство. Направени биле 2455 тестирања.

Најмногу нови случаи има во Скопје - 129, па потоа следат Кавадарци со 31 нови случаи, Прилеп 26, Охрид 23, Куманово 21, Неготино 14, Велес 13, Штип 12, Тетово 10, Дебар и Струмица по 9, Струга 8, Гевгелија 7, Битола и Крива Паланка по 6, Радовиш-5, Крушево 4, Ресен и Виница по 3, Делчево 2, и по еден нов случај има во Пробиштип, Кратово1, Кичево и Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 289 оздравени пациенти.

Починатите осум лица се на возраст од 48 до 82 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86.494, бројката на оздравени пациенти е 67.453, на починати е 2.622, а бројот на активни случаи изнесува 16.419.