Полицијата во Хонг Конг уапси 50 продемократски активисти

Полицијата во Хонг Конг уапси околу 50 поддржувачи на демократијата

Полицијата во Хонг Конг денеска уапси околу 50 поддржувачи на демократијата врз основа на законот за национална безбедност, објавија локалните медиуми. Акцијата за апсење, како што се додава, била насочена кон поранешните пратеници, но и кон помладите активисти поради наводниот „обид за уривање на градската власт“. Агенцијата Франс Прес објави дека меѓу уапсените има и еден американски адвокат од канцеларијата што се занимава со човекови права.

Уапсен Џошуа Вонг, најпознатиот активист во Хонг Конг


Опозицијата тврди дека апсењата се поврзани со примарните избори организирани од продемократските партии минатата година. Повеќе од 600.000 граѓани на Хонг Конг учествуваа во средината на јули на примарните избори организирани од продемократските партии во градот со 7,5 милиони жители.