Достапни линкови

Уапсен Џошуа Вонг, најпознатиот активист во Хонг Конг


Про-демократскиот активист, Џошуа Вонг

Познатиот хонгконгшки про-демократски активист, Џошуа Вонг, е уапсен денеска за „непочитување на нередбите“ за време на протестите во октомври 2019 година во оваа поранешна британска колонија, соопшти тој на Твитер, пренесе Германската новинска агенција ДПА.

На Вонг му било кажано дека го прекршил „драконскиот закон против маскирање“, наведува тој во твитот, во врска со забраната за покривање на лица на протестите што беа прогласени за неуставни од страна на градскиот Апелациски суд кон крајот на минатата година.

Во јуни 2019 година во Хонг Конг избувнаа масовни антивладини демонстрации, како одговор на сега веќе укинатиот предлог-закон за екстрадиција, што на Кина требаше да ѝ овозможи на дисидентите да им се суди пред судовите на матичната земја. Носењето маски, сепак, сега е задолжително на јавни места во Хонг Конг во борбата против коронавирусот, но пред една година беше забрането да се покрива лицето, што ја олесни работата на полицијата за време на протестот, пренесе ДПА.

Адвокатот на Вонг рече дека активистот бил уапсен додека требало да се јави во полициската станица како дел од судската контрола, во врска со друг случај што се уште не е завршен.

XS
SM
MD
LG