Најмалку 20 лица повредени во земјотресот во Петриња

Урнат објект во земјотресот во Петриња

Најмалку 20 лица се повредени во денешниот земјотрес во Петриња, од кои две лица се тешко повредени, а 18 се полесно повредени, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на информации од болницата во Сисак.

Во земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала и со епицентар во хрватскиот град Петриња, кој се наоѓа на 46 километри одалеченост од Загреб загина едно девојче, а урнати се и голем број куќи и јавни објекти во градот.

Пациентите се транспортираат и во болниците во Загреб. Градоначалникот на Петриња Даринко Думбович ја спореди состојбата во градот со Хирошима.