Достапни линкови

Жртви и разурнувања од земјотресот што го погоди хрватскиот град Петриња 


Уништен автомобил во земјотресот во Хрватска.
Уништен автомобил во земјотресот во Хрватска.

Досега се регистрирани 6 жртви од земјотресот во Петриња во Хрватска. Едно 12 годишно девојче и уште 5 лица го загубија животот. Во градот Петриња урнати се и објекти и куќи, а ошетени се и автомобили. Спасувачките екипи се на терен, а помош најави ЕУ и Македонија.

Шест лица загина во земјотресот со епицентар во хрватскиот град Петриња, кој се наоѓа на 46 километри одалеченост од Загреб. Првата жртва е девојче на 12 годишна возраст, а телата на 5 лица беа извлечени од урнатините во соседниот град Глина. Во земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала урнати се и голем број куќи и јавни објекти, а спасувачки екипи се на терен.

„За жал овде во Глина како последица на овој разорен земјотрес имаме многу жртви. Овде во местото Мајска Полјана имаме сега пет мртви. Со девојчето од Петриња вкупно шест настрадани во земјотресот“, изјави министерот на бранителите, Томо Медвед при посетата на местото.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претходно при посетата на Петриња ја потврди смртта на девојчето.

„За сега немаме други информации за други жртви, но тоа никој со сигурност не може да го каже. Ова е трагедија“, изјави Пленковиќ.
Тој потврди дека во градот на помош се војската, пожарникарите, Црвениот крст... и дека мора да се најде сместување за жителите, бидејќи во градот не е безбедно.

И хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изрази жалење за жртвата.

"И еден живот е многу затоа што многу плаќавме во последните 30 години. Ќе бидат потребни многу пари кои ќе се најдат. Toа ќе оди преку ЕУ, не се грижам, овој град ќе биде повторно изграден, но никој не може да ја надомести емоционалната штета. Петрињ ќе биде обновен со пари од ЕУ “, рече Милановиќ.

Фотогалерија од земјтресот во Петриња

Хрватскиот Црвен крст објави видео-снимка од Петриња, за каде вели дека ситуацијата е многу сериозна. За земјотресот од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) изјавиле дека е најсилниот земјотрес што ја погоди Хрватска оваа година, и дека земјотреси од вакви размери може да предизвикаат значителна штета во близина на епицентарот. Земјотресот се почувствувал и во Србија и Босна и Херцеговина.

Сеизмолошкиот институт на Србија објави дека земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во регионот на Сисак, Хрватска, во 12 часот и 19 минути по локално време. Интензитетот во епицентарот, како што наведува Институтот се проценува на VIII-IX степени од Меркалиевата скала.

Во Петриња е и министерот за одбрана Марио Баножиќ, а војската е на терен и дава помош за санација на шетата, обајви министерството. Минситерството за внатрешни работи на Хрватска повика на присебност и почитување на мерките за заштита од коронавирусот и на отворено. Граѓаните во Загреб и од неколку градови во земјата излегоа на улиците.

Шефицата на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен порача на Твитер дека разговарала со хрватскиот премиер и дека ЕУ е подготвена да помогне.

„Побарав од Јанез Ленчариќ (европскиот комесар за управување со кризи) да биде подготвен да оди во Хрватска веднаш штом дозволи ситуацијата. Ние сме со Хрватска“, посочи таа.

Премиерот Зоран Заев информираше дека Владата на денешната седница донела одлука за финансиска помош од 6 милиони денари за Хрватска, по силниот земјотрес во Петриње.

„Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите. До премиерот Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот упатувам силна поддршка. Во име на сите граѓани на Македонија изразувам и сочувство за жртвите“, напиша премиерот Заев на социјалните мрежи.

Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство до неговиот хрватски колега Милановиќ и до семејствата на настраданите во земјотресот во Петриња.

„Поддршка за нашите пријатели во Република Хрватска. Првичните информации за земјотресот се застрашувачки. Сочувство до претседателот Зоран Милановиќ и од и до семејствата на сите настрадани“, напиша Пендаровски на Фејсбук.

И вчера беше регистриран земјотрес со сила од 5,2 степени според Рихтеровата скала во централна Хрватска. Вчерашниот епицентар бил на околу 50 километри југоисточно од главниот град Загреб.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG