Нови 865 случаи на ковид-19 и 25 починати

Ковид-19 центар во Скопје

Во последните 24 часа се регистрирани се 865 нови случаи на ковид-19 од направени 2889 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Во Скопје се регистрирани 330 нови случаи, Прилеп-47, Битола иТетово по 42, , Кавадарци-38, Охрид-36, Велес-35, Гевгелија-33, Гостивар-29, Куманово-28, Неготино-26, Струмица-25, Штип-22, Струга-24, Кичево-18, Делчево-15, Радовиш-14, Кочани-13, Дебар-12, Свети Николе-8, Ресен-7,
Пробиштип и Берово по 4, Крива Паланка и Валандово по 3, Пехчево и Кратово по два, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод по еден нов случај на ковид-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 641 оздравени пациенти.

Починати се 25 лица на возраст од 40 до 89 години. Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 75597, бројката на оздравени пациенти е 51493, на починати е 2194, а бројот на активни случаи изнесува 21910.