ТИ: Земјите од Западен Балкан се „заробени“ во корупција

илустрација

Транспаренси Интернешнл издаде извештај причините за заробувањето на државите во Западен Балкан. Наведувајќи примери за коруптивно однесување во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција, Транспаренси Интернешнл наведува дека политичарите преку влијание врз судството и врз носењето закони ги контролираат работите во своите земји за да профитираат од корупција неказнето. Тоа им овозможува да ја задржат својата моќ, да се збогатат од државата и да избегнат казни.

Три препораки за борба против корупцијата

Обичните граѓани плаќаат за ова преку загуби за нивната егзистенција, слаби јавни услуги, ограничени можности и губење доверба во демократијата, бидејќи гледаат дека владините институции им служат на приватните интереси. Ова се случува на сите нивоа на власт - од локалните власти до извршната власт во наведените земји, се истакнува во извештајот на Транспаренси Интернешнл.