Во скопските ковид центри примени 39 нови пациенти

Илустрација - Ковид центар во Скопје

Во изминатите 24 часа, во ковид-центрите во Скопје, се хоспитализрани 39 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, додека вкупно 510 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Во последното деноноќие на интерните клиники имало вкупно 20 приеми, а во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало седум нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени 12 болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти.

„Вкупно 510 пациенти потврдени и сомнителни за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка“, соопшти МЗ.