За 24 часа во Македонија 873 пријави за неносење заштитна маска за лице

Илустрација

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 873 прекршоци, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

МВР во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19. Оваа мерка е задолжителна и на отворени јавни места, а непочитувањето се казнува со парична казна од 20 евра.