Олбрајт: Западен Балкан не смее да остане во чекалницата на ЕУ поради забелешки на соседите

поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт,

Корупцијата останува сериозен проблем на Западен Балкан, националистичките лидери користат етнички тензии, а Кина и Русија вршат ново влијание, особено во Србија, која е цел на антизападна пропаганда, рече поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт, на сослушувањето во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на американскиот конгрес. За време на презентацијата на политичките препораки за администрација на избраниот претседател Џо Бајден за Западен Балкан, Олбрајт се осврна и на блокадата на Бугарија врз Северна Македонија за почеток на преговори со ЕУ.

Рот - Нема потреба од план Б за Северна Македонија, прашањето е кога, не дали

На прашање од конгресменот Грегори Микс како новата администрација треба да работи со Брисел за земјите аспиранти во ЕУ да не останат во чекалницата поради своите соседи, со оглед на блокадата што Бугарија ја постави за Северна Македонија поради прашања за националноста и јазикот, Олбрајт рече: „Фактот дека Грците успееја да дојдат до договор, а на ова се потроши толку многу време и се работеше толку напорно, мислам дека е трагедија, и тоа севкупна, тоа што Бугарите, заради домашна политика, го истакнуваат сега ова“, изјави Олбрајт, додавајќи дека сега треба да се постави прашањето како Бугарија ги исполнува своите обврски кон ЕУ. „Мислам дека тоа е многу важно прашање што ги подвлекува нашите напори на Балканот, а тоа е да постои соработка на економски и политички план“, изјави таа.

Дали Белата куќа ќе го спроведе договорот за Србија и Косово ако Трамп победи?

Олбрајт предложи нова регионална стратегија за Западен Балкан заснована на три елементи - поблиска соработка на САД со Европската унија, антикорупција и регионален пристап што ќе ја промовира соработката меѓу САД и ЕУ не само со одделни земји, туку и кон заеднички економски врски. Олбрајт исто така посочи дека Србија не треба да ја блокира независноста на Косово.

Кротење на српските „русофили“ или уште еден маневар на Вучиќ?

Кога станува збор за влијанието на Русија, Олбрајт изрази мислење дека Русите во Србија го „практикуваат“ она што го прават во другите делови на Источна Европа, за да „работат на поткопување на демократијата и одвојување на земјата од Запад“. Поранешниот државен секретар исто така истакна дека Кина го шири своето влијание преку инвестиции во рамките на иницијативата „Појас и пат“. Во своето излагање Олбрајт изрази очекување дека земјите од Западен Балкан ќе имаат партнер во администрацијата на Џо Бајден, кој, како што повеќе пати истакна, е добро запознаен со ситуацијата на Западен Балкан.